Од сезонскиот грип во САД починале 14.000 лица

Од:

Во првиот бран од сезонскиот грип во САД заболеле 26 милиони лица, а 14.0000 починале, па американските здравствени работници се подготвуваат за вториот бран од сезонскиот грип во комплицирана ситуација, бидејќи постајат многу сличности меѓу обичниот грип и коронавирусот, наведува Гласот на Америка.

Првиот бран од грипот- инфлуенца Б, својот пик го имаше во декември минатата година, по што почна да опаѓа, покажуваат податоците на Центарот за превенција и контрола на болестите. Истите податоци покажуваат дека вториот бран почна кон крајот на јануари и дека станува збор за инфлуенца А, која е слична на свинскиот грип

Иако во САД има само 15 потврдени случаи на заболени од коронавирусот, надлежните се загрижени дела вирисот може да се прошири и дека на почетокот би можел да наликува на сеознскиот грип.

Американските здравствени работници соопштија дека ќе почнат некои од пациентите кои имаат свонски грип да ги тестираат на коронавируис. Тестирањата ќе бидат изведени во Лос Анџелес, Сан Франциско, Сиетл, Чикаго и Њујорк.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски