Од почетокот на протестите во Ирак загинаа 109 лица

Од:

Најмалку пет лица загинаа, а 15 се повредени во новите судири меѓу ирачката полиција и демонстрантите во источен Багдад, соопштија полицијата и медицински извори.

Според „Ројтерс“, новите судири меѓу полицијата и демонстрантите се случиле во станбената област Садр сити.

Ирачките власти претходно денеска соопштија дека 104 лица се убиени во земјата од почетокот на антивладините протести, меѓу кои и осум членови на безбедносните сили.

Ирачкото Министерство за внатрешни работи соопшти дека 6.107 демонстранти и повеќе од 1.200 припадници на безбедносните сили се повредени во немирите во Багдад и градовите на југот од земјата.

Протестите во Ирак започнаа во вторникот и веднаш се претворија во крвави судири.

Спонтаните митинзи беа иницирани од страна на младите Ирачани, кои бараат подобри можности за вработување и борба против распространетата корупција во земјата богата со нафта.

Би можело да ве интересира

Четири лица загинаа, а 108 се повредени во протестите во Ирак

Најмалку петмина загинати и 120 повредени на протестите во Ирак

Најмалку шест нови жртви во протестите во Ирак

Најмалку четири убиени и над 35 ранети во нови протести во Багдад

Ана Ололовска

Главното ирачко пристаниште отворено по петдневна блокада

Ана Ололовска

Убиен лекар во демонстрациите во Багдад