Од нигериско исламско училиште грабнати над 150 ученици

Од:

Повеќе од 150 ученици се киднапирани во исламското училиште „Салиху Танко“ во Рафах, во Нигерија, а во нападот што го извела банда на мотоцикли е убиено едно лице, додека уште едно се наоѓа во критична состојба.

Локалната полиција потврди дека има таков инцидент, но не го прецизираше бројот на киднапирани деца. Киднапирањето, колку што е познато, го извршиле вооружени разбојници со мотоцикли.

Сопственичката на училиштето, Абубакар Тегина, за британските медиуми кажа дека била сведок на нападот и дека видела како 20 до 25 вооружени киднапери на мотоцикли ги киднапираат над 150-те ученици и ученички.

Таа, исто така, кажа дека киднаперите во меѓувреме ослободиле 11 ученици затоа што биле премногу мали и не можеле да одат. Во нападот била заробена и група патници од автобус што таму се затекнал за време на нападот врз училиштето.

Инцидентот е последен во серијата масовни киднапирања во нигериските училишта што ги изведуваат вооружени банди, кои потоа бараат пари за нивно ослободување. Поради честите напади бројни училишта се затворени.

Би можело да ве интересира

Во САД има се повеќе „сајбер киднапирање“: Последната жртва е млад Кинез

Паунов до Спасовски: Наместо брза реакција демантиравте, со нервоза и потење пред камери граѓаните не се чувствуваат безбедни

Спасовски: Уапсен е извршителот на убиствата, сторивме се за фаќање на овој монструм

Александар Тодески

Љупчо Палевски уапсен во Турција

Александар Тодески

Заврши исказот на таткото на Вања: Негира дека давал информации на Палевски

Александар Тодески

Пријавен обид за грабнување деца од училиште во Карбинци

Анита Петровска Рајковиќ