Од Либан утринава лансирани две ракети врз Израел, нема загинати и штети

Од:

Две ракети лансирани од Либан рано утринава го активираа алармниот систем во северен Израел, каде можеа да се слушнат сирените за тревога.

Израелската армија соопшти дека одговорила на нападот со артилериски оган, пренесуваат британските медиуми. Другите агенции јавуваат дека во нападот нема повредени, ниту е предизвикана материјална штета.

Израелската армија соопшти дека една од ракетите била соборена од ПВО, а другата паднала врз ненаселена област.

Израел во 2006 година војуваше против движењето Хезболах, кое има упориште во јужен Либан, а во својот арсенал има напредни ракети, додаваат британските медиуми.

По војната меѓу Израел и Хезболах од пред 15 години, границата оттогаш е релативно мирна.

Би можело да ве интересира

Најмалку седум загинати во израелскиот напад врз јужен Либан

САД и Германија ги предупредија Израелците да не ја напаѓаат Рафа

Британците првпат со падобрани испорачаа помош во Газа, испратија порака и до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел не дозволува конвои со храна да минуваат до северниот дел на Газа

Катерина Ѓуровски

САД предлага итен прекин на огнот во Газа

Блинкен во обид да договори примирје меѓу Хамас и Израел