Од коали, крокодили до змии и стаорци, листата за јадење од пазарот во Кина каде започна вирусот

Од:

Пазарот Хунан, местото од каде што заразниот коронавирус прво се рашири во Вухан, а потоа и во неколку земји, е затворен со денови.

Иако вакви пазари има низ цела Кина и самите Кинези се чини дека се шокирани од она што се продавало во Вухан, барем според коментарите на социјалните медиуми.

Според кинеските медиуми, има дури 112 различни видови на животни кои се продавале на пазарот во Вухан. Меѓу нив се лисици, крокодили, мали волци, џиновските саламандери, змии, стаорци, пауни, камили, жаби, коали.

Со црвен круг е означена цената на коала

Посебно внимание на корисниците на социјалната мрежа Веибо (кинеска верзија на Фејсбук) го привлече фактот дека на пазарот се продавале и коали по цена од 70 јени, или околу 500 денари. По катастрофалните пожари во Австралија (кои сè уште се активни), коалите се толку загрозени што некои научници ги сметаат за функционално истребен вид.

Инаку, ценовниците се јасно прикажани на пазарот, иако законот забранува трговија со многу диви видови или бара посебни дозволи.

Сепак, според локалните медиуми, регулативите се лабави за некои видови животни што им овозможува на продавачите да го „заобиколат“ законот.

Феноменот на ваквите пазари не е поврзан само со Вухан или југот на Кина. Всушност, ги има низ целата земја, што е дополнителен проблем затоа што тие се извор на инфекција и разни болести. И покрај притисоците од кинеските власти, тие никогаш не беа затворени.

Коронавирусот што се појави во кинескиот град Вухан кон крајот на декември однесе 41 животи, а повеќе од 1.300 луѓе се заразени.

Стравувајќи се дека заразата ќе се прошири понатаму, неколку милионски градови се ставени во карантин.

Би можело да ве интересира

Во кинеската економија „вбризгани“ 112 милијарди долари поради епидемијата

А1он

„Теско“ дефинитивно се повлече од кинескиот пазар

Ана Ололовска

Кина бележи успех во спречување на пренесување на коронавирусот од човек на човек

Ана Ололовска

Кинески експерти и претставници на СЗО ја посетија провинцијата Хубеи

Ана Ололовска

Во Кина нови 508 заразени од коронавирус, во Јапонија почина уште еден патник од бродот „Дајмонд Принцес“

Ана Ололовска

Кина веќе разработила вакцина против новиот коронавирус, тврди кинескиот амбасадор во Москва

А1он