Од идната недела во САД ќе може да се купи вакцина против Ковид-19 во аптека

Од:

САД ќе ја зголемат дистрибуцијата на вакцините против коронавирус од 11 милиони до 13.5 милиони дози неделно, изјави Џен Псаки, портпаролка на Белата куќа.

Таа рече дека бројката на дистрибуирани вакцини од 20 јануари, кога претседателот Џо Бајден ја презеде претседателската палка, се зголемила за 57 отсто.

Псаки додаде дека администрацијата работи на реализација на програмата за проширување на дистрибуцијата до локалните аптеки и фармации низ САД. Веќе идната недела, локалните аптеки ќе добијат еден милион дози.

-Програмата предвидува проширена дистрибуција до американските соседства со тоа што луѓето ќе можат се јават, да закажат и да добијат доза удобно и брзо, изјави таа.

Според неа, програмата треба да ги опфати најмалку 40.000 аптеки и фармации низ целата земја.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски