Од денеска самоизолација за сите жители на Москва

Од:

Сите жители на Москва ќе мора од денеска да останат во домашна самоизолација, најави градоначалникот Сергеј Собјанин.

„Денеска потпишав наредба за дополнителни мерки за да се спречи брзото ширење на коронавирусот. Од утре, самоизолацијата ќе биде задолжителна за сите жители на Москва, без оглед на возраста“, напиша вчера градоначалникот на Москва, Собјанин на својот блог.

Во Указот се вели дека напуштањето на домовите ќе биде можно само во случај на итна медицинска помош или во случај на опасност по животот и здравјето, доколку мора да одите на работа, освен ако не постои друго решение, за да се изврши набавка и да се прошетаат домашни миленичиња и тоа. на оддалеченост од 100 метри од местото на живеење, како и за изнесување ѓубре.

Во Русија, во изминатите 24 часа се откриени 270 нови случаи, додека вкупниот број на пациенти достигна 1.534, и 64 починати. Следната седмица, според одлуката на властите, е неработна.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски