Од денеска директни летови од Израел во ОАЕ

Од:

Првиот комерцијален лет од Израел до Обединетите Арапски Емирати претставува голем чекор во нормализацијата на односите меѓу двете земји по склучувањето на мировниот договор, оцени Би Би Си.

Израелски и американски официјални лица ќе бидат денеска во израелскиот авион за време на тричасовниот лет.

Се очекува авионот да го прелета воздушниот простор на Саудиска Арабија, кој досега беше блокиран за израелските авиони.

Обединетите Арапски Емирати се само третата земја на Блискиот исток што го признала Израел од основањето во 1948 година.

ОАЕ во саботата го укинаа законот од 1972 година, со кој го бојкотираше Израел, а на почетокот на овој месец двете земји отворија директни телефонски линии.

Договорот за нормализација со посредство на САД беше неочекувано објавен на 13 август.

Иако беше поздравен од голем дел од меѓународната заедница, фактот дека ОАЕ го признаа Израел без услови за создавање палестинска држава за Палестинците значи предавство на нивната цел.

Во замена за воспоставување дипломатски односи со ОАЕ, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се согласи да ги суспендира контроверзните планови за анексија на делови од Западен Брег, земја која Палестинците ја бараат за сопствена идна држава.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел