Од денеска Белгија ќе ја постигне целта од 20 отсто вакцинирано население

Од:

Од денеска Белгија ќе ја постигне целта од 20 отсто вакцинирано население, изјави портпаролката на Штабот за вакцинација Сабин Стордер на денешната редовна прес конференција за Ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел.

По денешниот ден два милиони граѓани, или дваесет отсто од белгиското население, ќе биде вакцинирано.

-Земјата пред неколку недели воведе платформа која им овозможува на граѓаните да се пријават за вакцинирање на местото на оние кои одбиле вакцинација. На овој начин осум илјади граѓани како замена добиле доза, рече портпаролката.

Глобално во Белгија бавно се подобрува состојбата со епидемијата, но иако новозаразените и хоспитализираните се намалуваат, бројот на починати продолжува да расте, а одделите за интензивна нега се и натаму блиску до максималниот капацитет.

Загрижува и стапката на позитивност што се однесува на бројот на позитивни тестови, која е зголемена за 9,4 отсто за само една недела. Стапката на репродукција на вирусот е точно под еден, на 0,99. Кога оваа стапка надминува еден тоа е знак дека заразата забрзано се шири.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски

Теис: Ако не нападнат, ќе се браниме со камења

Горан Наумовски