Од безбедносни причини за еден ден одложена пробата на инаугурацијата на Бајден

Од:

Пробата за инаугурацијата на новиот американски претседател Џо Бајден, закажана за в недела, ќе биде одложена од безбедносни причини, денеска соопшти порталот Политико, повикувајќи се на извори запознати со одлуката.

Британските медиуми, пренесувајќи ги изворите на Политико, јавуваат дека пробата е одложена за в понеделник, а тимот на Бајден, исто така, го откажа патувањето на новиот претседател од неговиот дом во Вилмингтон за Вашингтон, закажано за понеделник, поради зголемената загриженост за неговата безбедност.

Транзицискиот тим на новиот претседател денеска не одговори на барањата за коментар за информацијата.

Директорот на Федералното биро за истраги (ФБИ), Кристофер Вреј, претходно изјави дека ФБИ испитува лица кои можат да ја загрозат безбедноста на инаугурацијата.

Бајден побара од Лиза Монако, неговата кандидатка за заменик државен обвинител и советник за борба против тероризмот на поранешниот претседател Барак Обама, да биде привремен советник за внатрешна безбедност.

Претседателската инаугурација, закажана за 20 јануари, традиционално привлекува стотици илјади посетители во Вашингтон, но сега ќе биде многу поскромна, поради пандемијата од Ковид-19.

Официјалните лица предупредија на нова можност за вооружени протести во Вашингтон за време на церемонијата, по минатонеделниот упад во Капитол во Вашингтон од страна на приврзаниците на претседателот во заминување Доналд Трамп, во кој загинаа пет лица, соопштуваат британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Бајден: Да ја заштитиме Украина од месарот Путин

Бајден: Само еден претседателски кандидат е ментално неспособен, тоа не сум јас

Катерина Ѓуровски

Бајден собра повеќе од 53 милиони долари за неговата кампања во февруари

Бајден ги критикуваше психичките способности на Трамп

Бајден го повика американскиот Конгрес итно да одобри финансиска помош за Украина и Газа

Горан Наумовски

Бајден го повика Конгресот да донесе закон за финансиска помош за Украина и Газа