Јапонски суд издаде налог за затворење на два реактори на нуклеарната централа „Кансаи Електрик Пауер“ јавуваат медиумите во Токио.
Судот во областа Отсу донесе ваква пресуда по бројните поплаки и тужби на локалното население околу безбедноста на нуклеарката.
Пресудата се совпаѓа со одбележувањето на петата годишнина од катастрофалниот земјотрес и разурнувачкото цунами кои ја предизвкаа големата хаварија на нуклеарната централа „Фукушима“.
Според јапонските медиуми, судот наложил „Кансаи Електрик Пауер“ веднаш да ја запре работата на двата реактори.
Ова е првпат правната историја на Јапонија, еден суд да наложи затворање нуклеарна централа и тоа на барање на населението кое стравува за својата безбедност.
Нуклеарката во областа Отсу од порано се соочувала со технички проблеми.
Од нејзините два преостанати реактори, еден е исклучен минатиот месец, откако кај него беше откриен „технички проблем“ кој беше регистрин само неколку дена по рестартирањто на реакторот, по неговата претходна поправка.
Раководството на „Кенсаи Електрик Пауер“ соопшти дека веднаш ќе поднесе жалба за пресудата на првостепениот суд.