Обвинителството ја прошири истрагата за незаконското финансирање на кампањата на Макрон

Од:

Францускиот финансиски обвинител отвори истрага за да ги испита сомнежите за наводно незаконско финансирање на кампањата на францускиот претседател Емануел Макрон во 2017 година и врски со американската консултантска групација Мекинси, објави весникот „Le Parisien“.

Обвинителството потврди дека ја проширило постоечката истрага за наводна даночна измама од страна на Мекинзи за да открие каква улога играла консултантската група за време на претседателските кампањи во 2017 и 2022 година, пренесува Ројтерс.

Обвинителството наведува дека истрагата не е насочена против Макрон.

Од канцеларијата на Макрон не одговорија на барањето на Ројтерс за коментар и одбија да ја коментираат изјавата на обвинителот. Мекинзи негира вмешаност во какви било незаконски активности.

Опозицијата претходно ја обвини владата на Макрон дека троши премногу пари за финансирање меѓународни консултантски компании кои плаќаат малку или никаков данок во Франција.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Макрон е силен на зборови, но не издвојува пари за Украина

Горан Наумовски

Макрон: Присилното преселување на населението од Газа е воено злосторство

Макрон: Русија не е голема сила

Горан Наумовски

Макрон: Европа треба да се подготви за војна ако сака мир

Макрон ги повика сојузниците да не бидат „кукавици“

Макрон за изјавата за испраќање војници во Украина: Секој мој збор е одмерен, обмислен и избалансиран