Обвинителството го проверува работењето на Салвини

Од:

Обвинителството на Сицилија го истражува поранешниот министер за внатрешни работи Матео Салвини заради забраната за еден хуманитарен брод летово да влезе во италијанските територијални води.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Салвини е под истрага за грабнување и несовесно работење заради 20-дневниот спор со бродот, на кој се наоѓаа 164 мигранти.

Салвини, лидер на десничарската партија Лига, претходно одбегнуваше судења за слични работи бидејќи парламентот одбиваше да му го одземе мандатот додека беше министер.

Тој без функција остана во август, откако неговиот неуспешен обид да ја освои целата власт ја собори Владата.

Обвинителството има две недели да одлучи дали случајот ќе му го упати на судот.

Салвани истрагата ја нарече фрлање пари на даночните обврзници и трошење на времето на луѓето од правосудството.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим