Обвинителството бара да им се суди на 14 лица поврзани со нападот на „Шарли Ебдо“ во Париз

Од:

Обвинителството на Париз денеска побара да им се суди на 14 лица осомничени за различни степени на логистичка поддршка на сторителите на терористичките напади врз „Шарли Ебдо“, во кои беа убиени 17 лица во јануари 2015 година.

Истражниот судија против тероризам сега треба да одлучи дали ќе им се суди на сите или само на оние осомничени во специјално конституиран кривичен суд, четири години по терористичките напади извршени од браќата Куачи и Амеди Кулибали, првите од џихадистичкиот бран во Франција, во кој загинаа 251 лице.

Паралелно со ова, француските медиуми објавија дека за џихадистот Петар Шериф, кој беше уапсен во Џибути и се смета за близок со браќата Куачи сторителите на нападот врз „Шарли Ебдо“, не е издадена потерница, изјави судски извор.

Петер Шериф, според некои извори е еден од осомничените организатори на нападот на „Шарли Ебдо“, и тој им е добро познат на француските полициски и судски органи, како џихадист познат под псевдонимот Абу Хамза.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден