Обвинителката на Меѓународниот кривичен суд бара „неодложно апсење“ на синот на Гадафи

Од:

Главната обвинителка на Меѓународниот кривичен суд (МКС) Фатоу Бенсоуда, побара денеска „неодложно апсење“ на синот на поранешниот либиски лидер Муамер Гадафи, Саиф ал Ислам Гадафи, кој неодамна е ослободен по петгодишното заробеништво во Либија.

dobivaj vesti na viber

– Налогот за апсење на Гадафи, што го издаде МКС во 2011 година, се уште е на сила и Либија мора „неодложно да го уапси и да го депортира“, без оглед на „наводниот закон за амнестија во Либија“, наведе Бенсоуда.

По ослободувањето на Гадафи (45), медиумите почнаа да шпекулираат дека тој би можел да се појави како политичка личност на либиската хаотична и нестабилна политичка сцена.

Саиф ал Ислам Гадафи беше во затвор поради извршување на воени злосторства од 2011 година, односно од револуцијата во земјата, каде беше убиен неговиот татко.

Бригадата Абу Бакр ал Садик, со седиште во Зинтан, соопшти дека го ослободила најистакнатиот син на Гадафи, откако источниот либиски Парламент минатата година усвои закон за амнестија.

– Одлучивме да го ослободиме Саиф ал Ислам Гадафи, кој е сега слободен и го напушти Зинтан, наведе војската во соопштение.

Имено, се уште не се знае дали синот на Гадафи го напуштил Зинтан и дали неговата слобода во Либан е делумна, бидејќи додека источниот Парламент со седиште во Тобру, во чија надлежност е Зинтан, тврди дека тој е ослободен, Владата во Триполи, што ја поддржува ОН се уште го смета за воен злосторник, а тамошниот суд го осуди во отсуство на смртна казна во 2015 година.

Би можело да ве интересира

Либанските штедачи насила си ги земаат заробените пари од банките

Турција и Либија потпишаа енергетски договор, Грција и Египет го оспоруваат

Катерина Павлова-Николовска

Најмалку 13 загинати во судирите во главниот град на Либија

Улични борби во Триполи

ОН го осудија упадот на демонстрантите во парламентот на Либија во Тобрук

Ана Ололовска

Демонстранти упаднаа во зградата на либискиот парламент во Тобрук

Ана Ололовска