ОБСЕ: Трамп ја злоупотреби службената положба со барањето да се запре пребројувањето на гласовите

Од:

Меѓународните набудувачи од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во американските претседателски избори денеска го обвинија претседателот Доналд Трамп за „флагрантна злоупотреба на службената положба“, затоа што побара прекин на броењето на гласовите од изборите пред завршувањето на целиот изборен процес.

-Тоа што навистина вознемирува е фактот што шефот на американската држава побара да престане броењето на гласовите среде претседателскиот натпревар за Белата куќа, од позиција на моќ, и тоа поради неговата наводна победа. Тоа е флагрантна злоупотреба на положбата, рече германскиот пратеник Михаел Георг Линк, координатор на меѓународните набљудувачи задолжен за следење на изборите во САД.

Изборниот штаб на Трамп вечерва соопшти дека тој побара прекин на броењето на гласовите во државите Пенсилванија и Мичиген, како и пребројување на гласовите во Висконсин.

Линк за германскиот весник „Штутгартер цајтунг“ повтори дека обвинувањата на Трамп за манипулација се „неосновани“.

-Нашите колеги се уште се таму и тие можат да потврдат дека се прифатени, како и набљудувачите од различните политички тимови, и дека гласовите испратени по пошта се бројат на правилен начин, додаде Линк.

Според него, дури Трамп и да го признае својот пораз и да ја предаде претседателската функција како што е редот на неговиот наследник, неговите приврзаници, охрабрени од неговата реторика, би можеле да го сметаат насилството за легитимно орудие, бидејќи тие повеќе не се чувствуваат демократски застапени.

Линк предупреди дека ова е опасност што може да трае долго по изборите.

Би можело да ве интересира

Бајден: Само еден претседателски кандидат е ментално неспособен, тоа не сум јас

Катерина Ѓуровски

Ќе ги ослободам напаѓачите на Капитол и ќе ја затворам границата најави Трамп

Катерина Ѓуровски

„Нема подобар и попаметен„ – Трамп го испофали премиерот на Унгарија: Орбан е фантастичен лидер

Катерина Ѓуровски

Ники Хејли се откажа од претседателската трка, Трамп сигурно ќе биде кандидат

ВИДЕО: Бајден и Трамп слават по „Супер вторник“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Трамп и Бајден мешаат држави, грешат имиња: Најстарите кандидати во историјата ќе водат битка за САД