ОБСЕ официјално ја заврши осумгодишната мисија во Украина

Од:

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) соопшти дека и официјално по осум години ја завршува својата набљудувачка мисија во Украина, откако Русија стави вето на нејзиното продолжување.

dobivaj vesti na viber

Најавторитетното тело за безбедност во светот соопшти дека ќе се спроведат неопходните чекори „да се затвори мисијата откако членството не успеа да најде начин да ги заобиколат забелешките на Русија на минатомесечниот состанок“.

Полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау, чија земја претседава со ОБСЕ, истакна дека организацијата ги испробала сите можности, но оти позицијата на Руската Федерација не оставила простор за избор.

Мисијата на ОБСЕ во Украина започна во 2014 година, по бунтот на сепаратистите поддржани од Русија во источниот дел од земјата.

Организацијата за европска безбедност и соработка беше единственото меѓународно тело што го надгледуваше конфликтот на терен.

Речиси сите набљудувачи на ОБСЕ беа повлечени од земјата по руската инвазија во февруари. Остана само дел од административниот персонал, од кој четворица беа приведени.

Генералниот секретар на ОБСЕ, Хелга Марија Шмид нагласи дека организацијата ќе продолжи да настојува да бидат прекинати „апсењата, заплашувањата и дезинформациите што се опасни за припадниците на нашите мисии“.

Во ОБСЕ членуваат 57 држави од три континенти, меѓу кои се и Русија, Украина и САД.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

НАТО и порача на Русија дека не може да победи во нуклеарна војна

А1он

Пет земји-членки на НАТО учествуваат во воената вежба во Унгарија

А1он

Ди Карло: ОН го поддржуваат територијалниот интегритет на Украина

Ана Ололовска

Стано: Референдумите во Русија се ескалација, ќе одговориме на соодветен начин

А1он

(ВИДЕО) Русија го уништи главното оружје на Украина: Тенкови од Словенија произведени во Југославија

А1он

Османи: Македонија нема да ги признае резултатите од референдумите за отцепување на Украина

Орце Костов