Обрадор побара поранешните претседатели на Мексико да ги вратат парите од корупција

Од:

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави дека треба да се вратат парите украдени од корумпираните функционери, еден ден откако се појави клучен сведок во неговата борба против корупцијата, кој обвини поранешни претседатели, министри и пратеници за злоупотреби.

Барањето на претседателот следеше откако завчера на мексиканските медиуми почна да се „врти“ фотокопија од изјавата на Емилио Лозоја, поранешен извршен директор на националната нафтена компанија „Петролеос Мексиконос“ (Пемек).

Лозоја ги обвини поранешните претседатели Фелипе Калдерон и Карлос Салинас за корупција, заедно со поранешниот претседател Енрике Пена Нието, неговиот поранешен министер за финансии Луис Видегарај и десетина други функционери.

-Тие треба да ги вратат парите, рече Лопез Обрадор за време на редовната утринска прес-конференција, без да прецизира за кого се однесуваше.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви

31 мигрант киднапирани во Мексико на пат кон САД