Облечени како „староседелци“, со крзнени елеци и голи до половината се дел од упаѓачите во американскиот Конгрес

Од:

Голи до половината, со крзнени елеци и американски знамиња во рацете, како американски „староседелци“ се дел од приврзаниците на Доналд Трамп кои насилно упаднаа во зградата на Конгресот на Вашингтон.

Дел од нив удобно се сместија во фотелјите во холот на на Конгресот, а еден од демонстрантите со нозете на маса седна во канцеларијата на Ненси Пелоси, која вчера повторно беше избрана за претседател на Претставничкиот дом на Конгресот и остави порака за неа дека нема да се повлечат.

Од галеријата фотографии што ја објавуваме, може да се види дел од атмосферата во Конгресот и демонстрантите кои зазедоа еден дел од зградата.

Полицијата пред Конгресот употреби солзавец за да ги растера демонстрантите, а градоначалникот на Вашингтон воведе полициски час.

Дел од демонстрантите, според објавените фотографии, се облечени во крзна, како американските староседелци и одмараат во ходниците од Конгресот, на кожните гарнитури.

Би можело да ве интересира

САД ќе воведе специјални мерки за патниците од африканските земји погодени од ебола

ВИДЕО: Мистериозна експлозија на израелски брод, обвинувања кон Иран

Годишниот собир на републиканците ќе заврши со говор на Донал Трамп

Над 300 луѓе обвинети за упадот во американскиот Конгрес

Жарко Настоски

Саудискиот принц Салман го одобрил убиството на новинарот Кашоги, тврди американското разузнавање

Жарко Настоски

Американски дипломати во Кина анално тестирани за корона, Пекинг вели: било по грешка

Жарко Настоски