Објавени нови детали за масакрот во Хамбург

Од:

Осум лица загинаа по нападот што се случи синоќа во црквата на Јеховините сведоци во германскиот град Хамбург. Полицијата соопшти дека меѓу нив изгледа е и напаѓачот, кој според германски Шпигел е поранешен член на Јеховините сведоци, а бил на возраст од 30 до 40 години и претходно не и бил познат на полицијата.

Еден маж го снимил напаѓачот како пука во црквата. Сведокот тврди дека напаѓачот потоа излегува од црквата, накратко поминува низ дворот на установата, повторно влегува и потоа повторно се слуша пукањето.

„Не ни сфатив што се случи. Го снимав со мобилен телефон и дури кога ја зголемив сликата видов дека има пукање во црквата. Додека снимав сфатив што снимам. На Прво помислив дека е смешно затоа што претпоставив дека некој тинејџер пука од детски пиштол. Се чувствував непријатно кога сфатив дека луѓето умираат или сериозно се повредени“, изјави тој за Фокус онлајн.

Германскиот канцелар Олаф Шолц го нарече нападот „брутален чин на насилство“. Секретарот за внатрешни работи Ненси Фезер на Твитер објави дека полицијата активно го истражува злосторството.

„Претпоставуваме дека има еден сторител. Истрагата за мотивите продолжува“, извести полицијата која отвори веб-страница на која граѓаните можат да објавуваат информации, слики и видеа од „злосторства или настани поврзани со криминал“.

Од полицијата најавија дека напладне ќе одржат прес-конференција и потоа треба да соопштат повеќе информации.

Недолго по нападот, жителите на квартот Алстердорф во Хамбург добиле известување на своите мобилни телефони за „ситуација опасна по живот“ и полицијата ја затворила споменатата област.

На снимката од теренот може да се види дека таму дошле десетина полициски автомобили, дека со противпожарни возила ги блокирале улиците и дека итната помош носела луѓе завиткани во ќебиња до автобус.

„Слушнавме пукотници. Имаше 12 последователни истрели. Потоа видовме како луѓе ги носат во црни кеси“, рече еден од сведоците.

По пристигнувањето на местото на нападот, полицијата открила дека неколку лица се тешко ранети, а има и убиени.

„Слушнаа истрел од горе, се качија на катот и пронајдоа уште едно мртво лице“, изјави портпаролот на полицијата. Се претпоставува дека е напаѓачот.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени