Британската полиција вечерва објави дека двајца од тројцата извршители на нападот во центарот на Лондон во саботата вечерта, при што беа убиени седум лица, се идентификуивани како Хурам Шазам Бут и Рашад Редуан.
Како што јави Би-Би-Си, 27-годишниот Бут е британски државјанин по потекло од Пакистан, кој од претходно и бил познат на полицијата и на разузнавачката служба МИ5 како радикализиран исламист. Тој со сопругата и децата, веќе неколку години живеел во источниот дел на Лондон.
Редуан пак не бил регистиран во полициската архива на потенцијални радиклани исламисти.
Според британските медиуми, извори во полицијата соопштиле дека „нема докази кои би укажале дека нападот бил планиран“.
Претходно денеска Ирскиот јавен телевизски сервис, јави дека еден од тројцата извршители на нападот во Лондон имал лична карта издадена во Ирска.
Според медиумот, британската полиција ја пронашла личната карта кај еден од напаѓачите.
Ирската полиција наведува дека тој извесен период живеел во Даблин. Тој бил од мароканско потекло и бил женет со Шкотланѓанка.
Според телевизијата, тој немал полициско досие.