Објавена сателитска слика од погодениот театар во Мариупол

Од:

Нова сателитска снимка ги покажува размерите на нападот на театарот во Мариупол.

Maxar Technologies, која секојдневно објавува сателитски снимки од нападнатите украински градови, неодамна објави слика од уништениот театар, чиј дел беше речиси срамнет со земја пред три дена, во средата.

На сликата се гледа и зборот деца напишан на руски, пренесува Би-Би-Си.

И покрај тоа, Русите го погодиле театарот во чие засолниште наводно се криеле околу 1.300 луѓе.

И денеска не се знае точниот број на луѓе кои биле таму и дали сите преживеале. Вчера беше објавено дека 130 од нив се извлечени, а спасувачката операција ја прекинува постојаното бомбардирање на Мариупол.

Вчера, официјалните лица изјавија дека веруваат дека сите преживеале, а во телевизиско обраќање, омбудсманката за човекови права Људмила Денисова рече дека спасувањето е во тек и дека 1.300 луѓе се уште се во засолништето под театарот во Мариупол.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ