Објавен наводен разговор меѓу руски милјардер и продуцент: Путин е сатана

Од:

Украинските медиуми објавија 30-минутен телефонски разговор, кој наводно се случил меѓу рускиот музички продуцент Јосиф Пригожин и милијардерот Фархад Ахмедов, во кој двајцата ја критикуваат војната во Украина и потезите на руските власти. Западот му воведе санкции на Ахмедов, поранешен руски сенатор, поради неговите блиски врски со режимот на Кремљ, додека Пригожин (нема врска со основачот на Вагнер групата) исто така се смета за долгогодишен поддржувач на Кремљ.

„Нема сомнеж дека ја за*баа државата. На луѓето околу Путин им е испран мозок, се однесуваат како богови. А Путин е сатана“, вели човек чиј глас силно наликува на Пригожин.

„Тој нѐ за*ба сите. Целата земја. Целото население, побогу“, додаде тој. Продуцентот вчера изјави дека тоа е провокација. Иако снимката од разговорот првично ја нарече „лажна вест“, Пригожин подоцна изјави дека во неа има некои вистински делови од неговиот разговор со Ахмедова.

“Гласот е сличен на мојот. Но не е јасно како точно ги залепиле деловите од разговорот”, рекол продуцентот, пренесе Sky News. Ахмедов се уште не го коментирал видеото. Доколку се потврди автентичноста, оваа аудио снимка ќе обезбеди редок увид во размислувањата на руските елити.

Би можело да ве интересира

Пригожин не застанува со критики: „Факции во Кремљ ја уништуваат руската држава“

Ана Ололовска

Сијарто: Војната во Украина не може да се реши на бојното поле, тоа конечно треба да го сфатат сите

Ана Ололовска

Лукашенко: Направивме само една грешка, требаше да ја докрајчиме Украина пред девет години

Ана Ололовска

Две лица загинаа во гранатирањето на регионот Белгород

Ана Ололовска

Русија: Ќе се вратиме во СТАРТ доколку САД го сменат непријателскиот став

Ана Ололовска

Украинската нуклеарна централа веќе три месеци е без резервно напојување

Ана Ололовска