Обилните дождови предизвикаа поплави и евакуација на населението во североисточна Јапонија

Од:

На десетици илјади лица во североисточна Јапонија денеска им е наредено да се евакуираат од своите домови, откако поројните дождови предизвикаа големи поплави, соопштија локалните власти, пренесе ДПА.

Поројните дождови доведоа до прелевање на реката Могами, во префектурата Јамагата, поплавувајќи куќи и патишта.

-Во селото Окура, 540 луѓе останаа изолирани поради лизгање на земјиштето, соопшти владиниот портпарол Јошихид Суга.

Локалните жители се обидуваат да се засолнат и истовремено да ја задржат социјалната дистанца поради стравувањата од Ковид-19, додава агенцијата.

Засега нема жртви и исчезнати во Јамагата, соопштија локалните власти, додека една повозрасна жена наводно била повредена.

Според Јапонската агенција за метеорологија, во градот Нагаи за 24 часа наврнале 205 милиметри дожд, пренесе ДПА.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија