Обид за подобрување на односите помеѓу Брисел и Вишеградската група

Од:

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер одржа тричасовна средба со лидерите на четирите држави од Вишеградски држави – Полска, Унгарија, Чешка и Словачка, во обид да ги подобри односите и да постигне договор со нов за низа прашања по кои има различни ставови меѓу Брисел и „четворката“.

Средбата мина без официјално соопштение, но двете страни брифираа дека разговорите минале во пријатна атмосфера и дека бил постигнат напредок.

Главни отворени прашања се инсистирањето на Брисел овие четири источноевропски земји да примат баратели на азил од Германија и други побогати европски држави. Три од четирите земји од Вишеградската група гласаа против планот за распоредување на барателите на азил низ целата ЕУ, а Полска и Унгарија неодамна загубија судски спор по ова прашање.

Воедно, во тек е отворен судир меѓу Брисел, Будимпешта и Варшава околу политичките и судските прашања во Полска и Унгарија.

– На менито беше постигнувањето консензус преку компромис и соработка за единство за иднината на Европа, напиша Јункер на својот профил на Твитер.

Земјите од Вишеградската група, формирана во 1991 во унгарскиот замок Вишеград, беа претставени од нивните премиери, Виктор Орбан од Унгарија, Беата Сидло од Полска, Бохуслав Соботка од Чешка и Роберт Фицо од Словачка.

– Европската унија не би требало да се дели на источен и западен дел. Иднината на ЕУ е во формат од 27 држави членки. Ниту една држава не може да биде исклучена од овие разговори, изјави Соботка.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески