Обединетото Кралство бара непознато лиде кое шири бразилска мутација на коронавирусот во Англија

Од:

Велика Британија денеска повика самото да се јави непознатото лице кое е заразено со многу преносливата бразилска варијанта на новиот коронавирус, повеќе од две недели откако тоа било позитивно на тестот, но не се даваат точни информации за контактот.

Велика Британија соопшти дека се идентификувани шест случаи на варијанта П.1 од бразилскиот град Манаус, против кои, како што се верува, вакцината е помалку ефикасна.

Два случаи биле во Јужен Глоучестершир, Англија, и три во Шкотска. Шестото лице е од Англија, и е едно од над еден милион тестирани на 12-13 февруари, кое допрва треба да се идентификува бидејќи неправилно го пополнило прашалникот за тестирање.

-Доколку сте биле тестирани на 12 или 13 февруари, а не сте добиле резултати, јавете ни се, изјави денеска министерот за вакцинација, Надим Захави, за радио Тајмс. „ Ние работиме со поштенскиот систем за да можеме да ги лоцираме“, додаде тој.

Варијантата П.1 вклучува мутации слични на оние пронајдени во варијантата Б.1.351, која за прв пат е откриена во Јужна Африка, што предизвика загриженост.

Адам Фин, член на британскиот мешовит комитет за вакцинација и имунизација, за Би-Би-Си изјави дека „доказите што во моментов ги имаме сугерираат – за јужноафриканската мутација и потенцијално за оваа бразилска мутација – дека вакцините што ги имаме во моментов се помалку ефикасни во намалувањето до барем лесната болест и можното пренесување “.

-Убедение сме во тоа дека вакцините што сега ги имаме ќе продолжат да ги спречуваат посериозните болести, но доказите за тоа се уште се прилично ограничени, потврди Фин.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он