Обединети нации загрижени за бројот на загинати во протестите во Иран

Од:

Високиот комесаријат на ОН за човекови права ја осуди употребата на сила, вклучувајќи и употреба на боева муниција, врз демонстрантите во Иран.

Комесаријатот изразува загриженост заради информциите за „голем“ број мртви низ земјата.

ДПА, цитирајќи го Амести интернешенел, јави дека во протестите имало над 100 мртви демонстранти.

-Посебно сме загрижени заради употребата на вистинска муниција која предизвикала смрт кај голем број лица ширум земјата, изјави портпаролот на комесаријатот Руперт Колвил, повикувајќи ги иранските власти веднаш да го вратат пристапот до интернет и другите форми на комуникации што ја овозможуваат слободата на изразување и пристап до информациите.

Од петокот вечерта во Иран има демонстрации заради ненајавеното зголемување на цената на горивата.

Високиот комесаријат на ОН наведува дека се погинати неколку десетици лица, но додава дека оваа бројка е тешко проверлива. ОН додаваат и дека во немирите се повредени и повеќе од 1.000 лица.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел