Обединети нации: Раселени 160.000 цивили поради турската операција во Сирија

Од:

Најмалку 160.000 цивили од североисточна Сирија се раселени поради турската воена операција против курдските борци, соопшти координаторот за хуманитарна помош на Обединетите нации.

Портпаролот на Канцеларијата за координација на хуманитарната помош Јенс Лерке рече дека повеќето луѓе се раселени од градовите Рас ел-Ајн и Тал Абијад и тие се движат кон југ.

Лерке посочи дека Канцеларијата е особено загрижена за 13.000 лица сместени во кампот за раселени лица во Еин Иси, во чија близина во понеделникот имало „непријателски дејствија“.

Портпаролот на канцеларијата на ОН за човекови права Руперт Колвил рече дека засега нема „цивилни жртви во поголем број“, односно дека има „неколку секој ден“.

Тој наведе дека луѓето гинат од двете страни на сириско-турската граница.

Турција од 9 октомври го објави почетокот на операцијата „Извор на мирот“ во северна Сирија, која започна со воздушни напади на позициите на курдските единици.

Би можело да ве интересира

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град

Османи од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме „не“ на Русија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Неухранетоста и болестите ќе доведат до „експлозија на смртност“ кај децата во Газа