Обама во мемоарите: Самото заминување на Трамп нема да ги реши длабоките поделби во американското општество

Од:

Поранешниот претседател на САД, Барак Обама, во книгата што ќе биде објавена следната недела, оцени дека поделбите во американското општество се длабоки, до тој степен што за тие да се надминат, нема да биде доволно само заминувањето на Доналд Трамп од функцијата.

„Знам дека изборите нема да го решат проблемот. Нашите поделби се длабоки, предизвиците се огромни”, пишува Обама, но сепак изразува надеж за добра иднина со „напорна работа, одлучност и добра доза на имагинација”.

Во првиот том од мемоарите „Ветена земја“ што ќе излезе во вторник, Обама се осврнува и на владеењето на Трамп во текот на четири години.

„Можеби она што најмногу загрижува е дека нашата демократија се чини дека е на работ на криза. Тоа е криза закотвена во конфликтот меѓу две визии – за тоа што е Америка и каква треба да биде”, посочува Обама.

Поранешниот претседател на САД ја поздрави победата на Џо Бајден, но предупреди дека не треба да се има „ангелска визија“ за периодот по Трамп.

Во првиот том од мемоарите на 768 страници, Обама се осврна и на процесот на пишување на книгата – од пенкало до компјутер, како и за тешкотијата да се биде точен во пишувањето.

Како анегдота, тој посочи дека за време на неговите осум години поминати во Белата куќа, тој често барал тивко место на крајот на денот за да ја испуши „вечерната цигара“ во мир.

Пушењето и подоцнежното откажување на Обама беше една од темите за време на неговото претседателствување.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

ВИДЕО: Голата статуа на Доналд Трамп ги згрози минувачите

Предраг Петровиќ

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак