Обама се сретна со лидерите на арапските земји-учеснички во нападите во Сирија

Од:

Американскиот претседател Барак Обама во Њујорк се сретна со лидерите на земјите од меѓународната коалиција, чии сили учествуваат во воздушните напади против групата Исламска држава во Сирија.

На средбата учествуваа лидерите на Јордан, Бахреин, Катар, Саудиска Арабија и ОАЕ, како и новиот премиер на Ирак Хајдер ал Абади, кои се во Њујорк за да присуствуваат на седницата на Генералното собрание на ОН.

Обама изјави дека напорите на меѓународната коалиција покажуваат дека светот се обедини во борбата против исламистите од групата ИД. Тој изрази увереност дека како резултат на кампањата на сојузниците ќе успеат да ја уништат не само терористичката група, туку и идеологијата на екстремизмот.

На средбата со Обама учестуваше и американскиот државен секретар Џон Кери.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска