Обама ја забрани продажбата на полиња со генератори на ветер

Од:

Американскиот претседател Барак Обама со декрет ја забрани продажбата на полињата со ветеро генератори во близина на американската база во Орегон, повикувајќи се на националната безбедност,соопшти Белата куќа.

Во својот декрет претседателот потврди дека продажбата на четирите полиња со ветеро генератори, кои се наоѓаат во близина на американската воена база во Орегон, би претставувало закана за националната безбедност на САД според законот од 1950 година.

Со оваа одлука се наложува на американска компанија Ралс Корпорејшн, како и на нејзината кинеска подружница Сани Груп и на потенцијалните кинески купувачи да се воздржат од продажба – купување на полињата во рок од 90 дена.

На претставничката на американскиот трезор и прецизираа дека компанијата Ралс претходно била во сопственост на кинези и е поврзан со кинеската компанија за производство на енергија од ветар, додавајќи дека ветерните турбини се поставени во близина на воздушниот простор на базата за тестирање на оружени системи за морнарицата на САД во Бордман.

Претставниците на Ралс изразија жалење поради одлуката на американскиот претседател, бидејќи проектот е можност да се создадат нови работни места во Орегон, додавајќи дека тој во никој случај не претставува закана за националната безбедност.

 

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност