Претседателите на САД и Русија Барак Обама и Владимир Путин денеска одржаа неформална средба на маргините на економскиот самит на Г20 во Турција.
Двајцата лидери разговарале во присуство на своите советници за национална безбедност. Нивната средба е прикажана на ТВ снимка, која ја објави домаќинот на Самитот – Турција, но разговорот не можеше да се слушне.
На новинарите не и било дозволено да присуствуваат на состанокот, одржан за време на работниот ручек за лидерите, учесници на самитот.