Обама и Нетанјаху: Нашата цел е да се спречи Иран да производе нуклеарна бомба

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и претседателот на САД Барак Обама се согласија денеска дека нивната заедничка цел е да се спречи Иран да производе нуклеарна бомба.

Во телефонски разговор со Обама, Нетанјаху го повторил своето барање да се повлече “јасна црвена линија” и да се спречи Техеран во развојот на нуклеарната програма која може да доведе до производство на нуклеарно оружје.

Иран, во меѓувреме побара од Советот за безбедност на ОН, да преземе нешто во врска со убиствата на иранските нуклеарни научници и “сајбер нападите”, за кои Техеран ги обвини Израел и САД.

Обама и Нетанјаху, “истакнаа дека во целост се сложуваат по прашањето за заедничката цел – да се спречи Иран од производство на нуклеарно оружје”, соопшти Белата куќа.

Двајцата државници се договорија САД и Израел “блиску да соработуваат и да ги координираат своите активности”, спрема “заканата од Иран” и да продолжат да одржуваат редовни консултации по ова прашање, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД и Германија ги предупредија Израелците да не ја напаѓаат Рафа

Британците првпат со падобрани испорачаа помош во Газа, испратија порака и до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел не дозволува конвои со храна да минуваат до северниот дел на Газа

Катерина Ѓуровски

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии