Обама ги разгледува сите опции за помош на Владата во Багдад

Од:

Американскиот претседател Барак Обама денеска изјави дека не исклучува ниту една опција, па ни воена, како помош на Владата во Багдад за да спречи џихадистите да дојдат до упориште во Ирак.

-Не исклучувам ништо, рече Обама на прашањето дали САД разгледуваат удари со беспилотни летала или било која друга акција во запирање на бунтот на џихадистите, пренесоа британските медиуми.

Во обраќањето до новинарите во Белата куќа, по средбата со австралискиот премиер Тони Абот, Обама изјави дека „САД имаат интерес да се погрижат џихадистите да не стекнат упориште во Ирак“.

Обама најави „краткорочни итни акции кои мораат воено да се направат во Ирак“ и дека неговиот тим за национална безбедност ги разгледува сите опции.

САД се подготвени да преземат воена акција доколку на неговите национално-безбедностни интереси им се заканува опасност, наведе Обама.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност