Американскиот претседател Барак Обама побара од Конгресот 6,2 милијарди долари за специјален фонд за борба против епидемијата на ебола.
Средствата се наменети за борба против еболата во Западна Африка, но и за спречување на ширење на болеста во САД.
Според администацијата на Обама две милијарди ќе бидат наменети за Агенцијата за меѓународен развој УСАИД, 2,4 милијарди за министерството за здравство и 1,5 милијарди долари за непредвидени околности.