О’Брајан: Трамп не добил устен извештај за наводни руски парични награди за талибанците

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп не добил устен извештај за наводните руски парични награди за талибанците за убиства на американските и други војници во Авганистан, кои се дел од воената коалиција предводена од САД, изјави советникот за национална безбедност на Трамп, Роберт О’Брајан.

– До тоа не дојде затоа што една високорангирана службеничка на ЦИА оцени дека разузнавачката информација што укажува на тоа е непроверена, рече О’Брајан, кој не прецизираше дали на Трамп му е предаден писмен извештај за тоа.

О’Брајан изјави дека проценката на службенилката била точна, но, додаде, дека САД силно ќе одговорат доколку се потврди дека Русија навистина им исплаќала награди на талибанците за убиства на американски и други војници од коалицијата.

Би-би-си наведува дека разузнавачките податоци за талибанските награди доаѓаат во време на интензивни напори на САД за постигнување мировен договор во Авганистан, а во 2019 година, кога, според тврдењата на неколку американски весници, требало да се спроведе наводниот руски план за напади, Трамп, исто така, се обидел да ги поправи односите со рускиот претседател Владимир Путин.

Русија ги отфрли обвинувањата за награди, а талибанските власти соопштија дека движењето не склучило никакви договори со агентите на Москва.

Би можело да ве интересира

Трамп започнува необичен бизнис, а партнер му е познат музичар

Горан Наумовски

Акциите на медиумската компанија на Доналд Трамп скокнаа за 50 отсто на отворањето на берзата

Горан Наумовски

Трамп би можел да изгуби недвижен имот поради измама

Горан Наумовски

Трамп: Само идиот не би реагирал како Израел на напад на Хамас

„Вашингтон пост“: Трамп веќе влијае на настаните во Украина

Се запленува имот на Трамп: Обвинителот презеде мерки

Горан Наумовски