НВО: Во Северна Кореја на 318 локации се вршеле јавни егзекуции

Од:

Невладина организација од Јужна Кореја соопшти дека идентификувала 318 локации во Северна Кореја, кои Владата ги користела за извршување јавни егзекуции.

Работната група за транзициска правда интервјуирала 610 севернокорејски дезертери во текот на четири години за својот извештај. Тие документирале децении убиства, за прекршоци – од крадење крава до гледање телевизија од Јужна Кореја.

Јавните егзекуции се случувале во близина на реки, полиња, пазари, училишта и спортски терени, соопшти групата.

Повеќе од 1.000 луѓе биле приморани да ги следат тие егзекуции , објави организацијата во својот извештај „Мапирање на судбината на мртвите”, објавен денеска.

Во извештајот се наведува дека членови на семејствата на осудените на смрт, вклучувајќи ги и децата, понекогаш биле принудени да го гледаат настанот. Телата и погребните локации на убиените ретко им биле давани на нивните роднини.

Најмладиот кој бил сведок на јавно убиство, бил на возраст од седум години, според сведочење.

Би можело да ве интересира

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

Северна Кореја рано утринава истрела неколку крстаречки ракети кон Жолтото Море