Новоназначениот либански премиер Мустафа Адиб поднесе оставка без да формира влада

Од:

Новоназначениот либански премиер Мустафа Адиб, кој ја презеде работата за да и помогне на земјата да се крене по уништувачката експлозија во август во Бејрут, изјави дека се повлекува од функцијата без да формира нова влада, повикувајќи се на политичките пресметки во земјата, јави ДПА.

Државната новинска агенција соопшти дека Адиб оставката ја објави по средбата со либанскиот претседател Мишел Аун во палатата Баабда.

Адиб беше назначен за премиер на 31 август од страна на претседателот Аун, на местото на Хасан Диаб.

Експлозијата на 4 август уби стотици лица, оставајќи многу повеќе луѓе без покрив над главата и ја потресе земјата која и онака беше пред економски колапс, додаде ДПА.

Би можело да ве интересира

Либански затвореници при бегство од затворот загинаа во сообраќајка

Либан и Израел ги продолжуваат преговорите со посредство на САД

Жарко Настоски

Либан бара од Интерпол да приведе двајца Руси поради експлозијата во Бејрут

А1он

Либан и Израел постигнаа историски договор за индиректни разговори

А1он

Израел ќе одржи разговори со Либан следниот месец

А1он

ВИДЕО: Уште еден пожар во центарот на Бејрут

Ана Ололовска