Новите антивирусни лекови делуваат на симптомите на Ковид за неколку часа

Од:

Во Велика Британија околу 30.000 пациенти со тешка форма на Ковид-19 се лекуваат со високо ефективни „современи“ антивирусни средства кои делуваат на симптомите на ковид и гарантираат подобрување „во рок од неколку часа“ објави Британската национална здравствена служба.

Во февруари, Британија одлучи да го прошири пристапот до оралниот антивирусен лек на Pfizer против ковид, Paxlovid, и да го примени за лекување на илјадници Британци со компромитиран имунолошки систем.

Паксловид го намалува ризикот од смрт или хоспитализација за 88 проценти

Здравствената служба денеска објави дека досега набавила близу пет милиони дози Паксловид и други слични антивирусни лекови, како што е Молнупиравир.

Студиите покажаа дека неговата употреба го намалува ризикот од смрт или хоспитализација за 88 проценти во клиничките испитувања спроведени кај лица со висок ризик во текот на пет дена од третманот.

Во моментов се советува да се зема лекот во раните фази на Ковид.

NHS објави дека Паксловид досега примиле повеќе од 5.000 пациенти, од кои 1.200 само минатата недела.

Британија досега има пријавено 170.000 смртни случаи од Ковид-19, а премиерот Борис Џонсон го вклучи Паксловид во планот што ќе му овозможи на населението да продолжи да живее подобро со коронавирусот.

Тој посочи дека тоа е важно бидејќи може да ја намали смртноста кај оние кои не виделе поголеми придобивки од заштитата од вакцини, како што се лицата со намален имунитет.

Молнупиравир се тестира

Покрај Paxlovid, научниците ги истражуваат ефектите на Molnupiravir, таблета произведена од Merck & Co и Ridgeback Biotherapeutics.

Овој лек, за кој клиничките испитувања покажаа дека го намалува ризикот од хоспитализација или смрт за 30 отсто, беше одобрен во ноември 2021 година.

Третманот со Paxlovid и Molnupavir го спречува размножувањето на вирусот во клетките, помагајќи им на пациентите полесно да се борат против инфекцијата и побрзо да закрепнат.

Професорот Стивен Пауис, лекар и директор на NHS, вели дека е „фантастично што, откако најновиот антивирусен лек Paxlovid беше лансиран пред нешто повеќе од еден месец, илјадници најранливи пациенти се вклучени во овој нов третман кој спасува животи. Антивирусните лекови се уште едно оружје во нашиот арсенал, а нивната цел е да го намалат бројот на хоспитализирања и смртни случаи кај пациентите со најголем ризик од развој на потешки форми на Ковид“.

Би можело да ве интересира

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Еден од осум луѓе кои страдаат од коронавирус развива најмалку еден симптом на долгорочен ковид

Катерина Ѓуровски

Коронавирусот е направен во лабораторија тврди руското Министерство за одбрана