Новиот портпарол на ИД и се закани на Турција

Од:

Новиот портпарол на групата Исламска држава (ИД), Аби ел Хасан ел Махаџер денеска се закани со напади врз турските амбасади ширум светот и апелираше до приврзаниците од ирачкиот град Тал Афар во близина на Мосул, да не бегаат пред офанзивата на ирачките сили.

– Уништете им ги возилата, напаѓајте ги… во нивните засолништа за да можат да почувствуваат мал дел од вашето страдање и немојте да бегате, истакна Махаџер во аудио-пораката емитувана на интернет.

Тој додаде дека на мета на приврзаниците на ИД ќе се најде и „секуларната, отпадничка турска Влада во секоја област – и воена и економска и медиумска – па дури и секоја амбасада и конзулат“.

Со емитување на снимката ИД првпат го претставува новиот портпарол.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска