Новиот француски премиер вети 7,5 милилјарди евра за вработените во болниците

Од:

Новиот француски премиер Жан Кастекс изјави синоќа дека неговата Влада ќе издвои 7,5 милијарди евра за зголемување на платите на вработените во болниците.

„Инсистирав работните места да бидат во центарот на разговорите“, објави Кастекс на Твитер по разговори со синдикатите, болнички работници и владата, што почнаа пред реконструкцијата на владата во понеделникот.

Иако Франција има еден од најдобрите здравствени системи во светот, вработените во болниците бараа повеќе пари, работни места и опрема во последните десет години со цел подобро да се одговори на потребите.

Пандемијата на коронавирусот уште повеќе го оптерети системот, а болниците беа на работ на заситеност во оваа година.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден