Новинарка на руската телевизија НТВ силувана во Мелитопол

Од:

Според некои украински медиуми, Русија ја тресе голем скандал откако во јавноста протече писмо од руската телевизија НТВ, во кое се наведува дека нивната новинарка била силувана во окупираниот град Мелитопол.

Олга Зенкова, пропагандист на рускиот претседател Владимир Путин, била испратена во Мелитопол да известува од градот, кој Русите го зазеле на самиот почеток на војната.

Меѓутоа, како што се наведува, налетала на озлогласената чеченска бригада и војниците наводно ја силувале новинарката и го претепале снимателот.

Украинците пишуваат дека за оваа страшна случка дознале сосема случајно, бидејќи во јавноста протече жалба на НТВ, во која управата го повикала Истражниот комитет на Руската Федерација да го истражи случајот, пренесува „Јутарњи лист“.

Официјалниот документ е испратен до шефот на Истражниот комитет, а самата телевизија не сака ништо да коментира за да се избегне „дискредитација на руската армија“.

Би можело да ве интересира

Русите се почесто користат дронови во близина на Бахмут

Ана Ололовска

Лажна е фотографијата на која Путин е клекнат пред кинескиот претседател

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русите фрлија бомба од 1500 килограми врз Украинци во Запорожје

Ана Ололовска

Словачка и предаде на Украина 4 авиони МиГ-29

Ана Ололовска

ВИДЕО: Зеленски го посети Херсон, вети дека ќе обнови сè

Ана Ололовска

Блумберг: Пригожин планира да се повлече од Украина

Ана Ололовска