Нови тензии помеѓу Индија и Пакистан

Од:

Дипломатските тензии помеѓу Индија и Пакистан денеска повторно се интензивираа откако Њу Делхи вчера нареди протерување на двајца службеници од Амбасадата на Пакистан под обвинување за шпионажа.

– На двајцата Пакистанци вработени во Амбасадата на Пакистан вчера им беше наредено да ја напуштат Индија откако беа фатени во шпионажа, се наведува во соопштението на индиското Министерство за надворешни работи.

Пакистан денеска возврати со врачување на протестна нота до индиски дипломат во Исламабад.

– Со индискиот потег прекршена е Виенската конвенција за дипломатски односи, се наведува во протестната нота.

Пакистан ја обвинува Индија за неосновани обвинувања против службениците и за медиумска кампања „за понижување на Исламабад“.

Не е првпат Индија и Пакистан, две нуклеарни сили во Јужна Азија, меѓусебно да протеруваат дипломати или службеници под обвинение за шпионажа.

Новиот инцидент се случува во тензични односи поради судирите на двете погранични безбедносни сили на двете држави во спорниот регион Кашмир.

Индија и Пакистан контролираат дел од хималајската територија Кашмир, а двете полагаат право на цела територија, двете земји досега трипати водеа војна, од кои две војни беа за Кашмир.

Њу Делхи и Исламабад се во тензичќни односи откако се стекнаа со независност во 1947 година.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач