Нови судири во Боливија меѓу приврзаниците на Моралес и полицијата

Од:

Еден ден откако опозициската лидерка Жанин Анес се прогласи за привремен претседател на Боливија, а два дена по оставката на Ево Моралес, во земјата избија нови судири меѓу приврзаниците на поранешниот претседател и полицијата.

Притоа полицијата употреби солзавец во обид да ги растера демонстрантите, јавија американските медиуми.

Демонстрантите излегоа на улиците на Ла Паз и Ел Алто, кои се сметаат за упоришта на Моралес, и вееја разнобојни домородечки знамиња и извикуваа „ Сега, граѓанска војна“.

-Не сакаме ниту еден диктатор. Оваа жена тргна на нас и затоа сме лути. Ќе се бориме со нашите браќа и сестри до враќањето на Моралес. Тој мора куќата да ја доведе во ред, изјави една учесничка на протестот.

Жанин Анес се прогласи за привремен претседател на Боливија и покрај то што немаше кворум во текот на гласањето за нејзин избор, бидејќи приврзаниците на левичарската партија на поранешниот претседател, а кои сочинуваат две третини од Конгресот, го бојкотираа гласањето. И покрај тоа, таа ја презеде власта наведувајќи дека Уставот на бара задолжителен кворум во Конгресот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Каков хаос: Фудбалот стана ватерполо-судијата го продолжи мечот за 42 минути сред невреме

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се изгубил во џунгла и преживеал 31 ден: Пиел дождовница и јадел црви

Катерина Ѓуровски

Поранешната боливиска претседателка осудена на 10 години затвор

Најмалку 12 лица загинаа во поплави во Боливија

А1он

Речиси 150.000 хектари шума уништени во пожари во Боливија

А1он

Поранешниот боливиски лидер Ево Моралес позитивен на коронавирусот

Ана Ололовска