Нови рестриктивни мерки во Англија- пабовите, баровите и рестораните со пократко работно време

Од:

Обединетото Кралство вчера го крена степенот на предупредување со кој го мери ширењето на епидемијата на коронавирус и одлучи пабовите и рестораните да работат пократко поради заканата од втор бран што може да убива и по повеќе од 200 луѓе на ден без „да го промени правецот“.

Во изјавата што денеска во парламентот треба да ја даде премиеерот Борис Џонсон „ќе се потврди дека, почнувајќи од четврток, пабовите, баровите и рестораните во Англија ќе мора да се затворат во 22 часот“, се наведува во синоќешното соопштение од Даунинг стрит.

Воедно, бројот на луѓе во овие објекти треба да се намали бидејќи во иднина ќе биде дозволено „само служење на маса“, ќе соопшти Џонсон на денешната утринска кризна седница на британската Влада.

Овие ограничувања доаѓаат во време кога раководителите на здравствени служби на четирите британски земји го зголемија нивото на тревога за вирусот од Трет на Четврти степен, што одговара на „покачено или експоненцијално зголемување на степенот на пренесување“.

Во Обединетото Кралство, најтешко погодената земја во Европа со речиси 42.000 смртни случаи, во моментов „на секои седум дена има двојно зголемување на бројот на заразени“, предупреди синоќа владиниот советник Патрик Валанс во изјава за телевизијата.

Ако овој тренд продолжи „до средината на октомври ќе имаме по 50.000 заразени дневно“, додека според проценките сега имаме околу 6.000, а тоа може да доведе и до „200 смртни случаи дневно, па дури и повеќе кон средината на ноември“, додаде тој.

-Ако не го смениме правецот, вирусот ќе се прошири. Ние сега сме токму на тој пат, рече професорот Крис Вити, главен британски епидемиолог.

Новите мерки, што денеска ќе ги објави Борис Џонсон, ќе важат само за Англија, бидејќи секоја британска земја ќе одлучи самата за коронавирусот. Но, Даунинг стрит соопшти дека премиерот вчера телефонски разговарал со шкотскиот, велшкиот и северноирскиот премиер и дека „се согласиле, доколку тоа е можно, деновиве да заземат единствен став“.

Би можело да ве интересира

Рекордни 2.243 новозаразени лица во Бугарија

Ана Ололовска

Протести во Италија поради мерките против Ковид-19

Ана Ололовска

Приштина разгледува нови мерки против Ковид-19, не е исклучено затворање на границите

Ана Ололовска

Во Велика Британија 20.890 новозаразени, починале 102 лица – највисоко ниво на тревога во Нотингем

Жарко Настоски

Во Реџина 21 фудбалер заразен со коронавирус

Жарко Настоски

Во САД 63.195 новозаразени, починале 380 лица

Жарко Настоски