Нови протести во Индија поради законот за државјанство

Од:

Индиската полиција употреби денеска солзавец и димни бомби за да ги растера илјадниците демонстранти во Њу Делхи, кои протестираат поради новиот закон за државјанство, непосредно пред посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на тој град.

Во последните два месеца во Њу Делхи, но и во другите индиски градови, се одржуваат протести поради спорниот закон.

До конфликт дошло кога стотици граѓани, кои го поддржуваат законот, се судриле со оние кои се против него и меѓусебно се гаѓале со камења.

Законот за државјанство е спорен бидејќи многумина сметаат дека е дискриминаторски кон муслиманите и дека администрацијата на индискиот премиер Нарендра Моди ја поткопува индиската секуларна традиција.

Би можело да ве интересира

Над 600 илјади заразени со коронавирус во Индија

Ана Ололовска

Во притвор во Индија татко и син претепани до смрт, уапсени петмина полицајци

Ана Ололовска

Индиски и кинески команданти разговараа за прекин на судирите

А1он

Индија го одобри првото клиничко испитување на вакцина против Ковид-19

Ана Ололовска

Над еден милион луѓе раселени поради поплавите во Индија

Ана Ололовска

Рекорден пораст на заразени со Ковид-19 во Индија

Ана Ололовска