Нови протести во Хонгконг

Од:

Демонстрации се одржуваат и денеска во Хонгконг, а еден од протестите е организиран, втор ден по ред, на аеродромот.

Повеќе од сто активисти ја окупираа салата за пристигнување на аеродромот, некои седеа на подот цртајќи протестни постери, додека учтиво ги поздравуваа пристигнатите патници. Некои од пораките на флаерите се „Ве молиме да ни простите за Неочекуваниот Хонгконг“ и „Дојдовте во скршен, разурнат град, а не во оној што го замислувате. Сепак, ние се бориме за овој Хонгконг“.

Во два одвоени протести утрово, мали групи постари граѓани на Хонгконг се собраа покрај деловната област. Двата марша минаа мирно.

Во Хонгконг веќе два месеца се одржуваат масовни улични протести, првично против законот за екстрадиција, а потоа и против полициското насилство. Последните денови демонстрантите бараат поголеми демократски права.

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

(ВИДЕО) Протест „Против Путин“ на некои избирачки места во Русија

Горан Наумовски

Дваесетина уапсени на антивладините протести во Тел Авив

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Немири во Индија поради уривање на џамија, четворица мртви

(ВИДЕО) Десетици повредени на антиреформските протести во Буенос Аирес

Повеќе од 150.000 луѓе на антидесничарскиот протест во Берлин

Горан Наумовски