Нови протести во Белорусија, Тихановска ќе биде симболично инаугурирана за претседател

Од:

Нови протести се очекуваат денеска низ Белорусија, каде активистите ги повикуваат жителите да излезат на улиците, по инаугурацијата на Александар Лукашенко за претседател со новиот мандат, што го оспоруваат демонстрантите.

Демонстрантите ширум треба треба симболично да ја номинираат опозициската лидерка во егзил Светлана Тихановска за претседател на „инаугурацијата на народот“ во 13 часот.

Униформирани мажи вчера уапсија десетици жени на протест во Минск, според група за човекови права.

Противниците на Лукашенко се надеваат на повеќе демонстранти денеска, по неговата ненајавена инаугурација во средата. Лукашенко тврди дека освоил 80 проценти од гласовите, но критичарите и многу меѓународни набудувачи велат дека изборите биле наместени.

Европската унија неделава издаде соопштение во кое се наведува дека изборите на 9 август не биле „ниту слободни ниту фер“ и дека нема да го признаат Лукашенко за претседател.

Белорусија ги обвини западните земји пред Генералното собрание на ОН вчера дека се обидоа да посеат „хаос и анархија“.

Повеќе од 12.000 луѓе се уапсени откако претседателот Лукашенко беше прогласен за победник на изборите. Шеесет и шестгодишниот Лукашенко управува со Белорусија од 1994 година.

САД, Велика Британија и Канада се очекува наскоро да воведат санкции за белоруски лица.

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија

(ВИДЕО) Протест „Против Путин“ на некои избирачки места во Русија

Горан Наумовски

Во Белорусија, први избори од 2020 година, лидерот на опозицијата е во егзил: Тоа е фарса, шоу, циркус

Горан Наумовски

Дваесетина уапсени на антивладините протести во Тел Авив

Горан Наумовски

Лукашенко сака патроли со огнено оружје на белоруските улици