Нови детали за железничката несреќа во Холандија: „Ова е необично, но и страшно“

Од:

Најмалку едно лице загина, а 30 се повредени, од кои многу потешко, кога патнички воз со околу 50 луѓе излета од шините во раните утрински часови во Холандија, откако удри во градежен кран, соопштија властите.

Спасувачките екипи се на местото на несреќата во Вооршотен, село во близина на Хаг. Несреќата се случи пред зори, околу 3.30 часот, соопшти итната помош.

Предниот вагон на ноќниот воз од Лајден до Хаг излета од шините и заврши во поле, јави новинската агенција АНП.

Вториот вагон остана на место, додека во задниот вагон избувна пожар кој подоцна e изгаснат. Некои патници се тешко повредени, а портпаролот на противпожарната служба за холандското радио изјави дека 19 лица се хоспитализирани, додека на други им била укажана помош на лице место.

Функционерката на холандските железници Карола Белдербос објави дека возот се судри со кран и дека меѓу повредените има машиновозачот и двајца кондуктери. Според претходните извештаи, патнички воз се судри со товарен воз.

Портпаролот на холандските железници Ерик Кроз потврди дека во несреќата учествува товарен воз, но не даде детали. Јероен Виенен од компанијата за одржување на железницата „Прораил“ изјави дека се покренати повеќе истраги, а истрагата освен полицијата ја води и неговата компанија.

Тој рече дека станува збор за многу необична, но и „страшна“ несреќа и дека „Прораил“ ќе истражува зошто и како се случило за да избегне вакви несреќи во иднина.

Премиерот Марк Руте и кралското семејство, кралот Вилем-Александар и кралицата Максима изразија сочувство за жртвите.

Би можело да ве интересира

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи