Нови демонстрации во Мјанмар

Од:

Противниците на воената хунта што изврши државен удар во Мјанмар на 1 февруари, кога беше соборена владата, се собраа и денеска на улиците во некои градови во државата, само еден ден откако полицијата и армијата отворија оган и убија две лица.

Полицијата уапси локален актер кој ја поддржуваше опозицијата, додека компанијата Фејсбук ја избриша страницата на армијата на Мјанмар на таа социјална мрежа, со нагласок дека тие поттикнуваат насилство.

Армијата досега не успеа да ги задуши демонстрациите и граѓанската непослушност, односно протестите против пучот поради апсењето на премиерката Аунг Сан Су Чи и нејзините соработници, дури и со ветување дека ќе се одржат нови избори.

Протести се одржуваат во Јангон, трговскиот центар на Мјанмар, каде неколку илјади демонстранти се собраа во близина на универзитетскиот центар, извикувајќи пароли против хунтата.

Би можело да ве интересира

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска

Најмалку осум жртви во експлозии пред затвор во Мјанмар